На 21.09.2022 во 20.40 часот на бул.„Гоце Делчев“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода Е.А.(19) од Штип, затоа што околу 16.00 часот на ул.„Пелагонија“ во Шуто Оризари – Скопје со остар предмет ја нападнал неговата 18-годишна љубовна партнерка и ѝ нанел расекотини.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.