сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Муцунски: Новата детска градинка „Црвенкапа” во која ќе се згрижат над 200 дечиња добива нов и уникатен изглед во внатрешност

Муцунски: Новата детска градинка „Црвенкапа” во која ќе се згрижат над 200 дечиња добива нов и уникатен изглед во внатрешност

Градоначалникот на општината Аеродром преку статус на Фејсбук пишува дека новата детска градинка „Црвенкапа” во која ќе се згрижат над 200 дечиња добива нов и уникатен изглед во внатрешност.

„Градинката има важна улога во процесот за социјализација и едукација на најмладите. Многу е важно дечињата со задоволство да одат во градинка, па затоа обрнуваме внимание на секој детаљ пред пуштањето во употреба на градинките.

Дечињата од нашата општина ќе бидат сместени во модерни објекти, а секојдневно времето ќе го минуваат во простории и атмосфера креирана од нивниот омилен македонски бренд „Светот на Биби”.

Новата детска градинка „Црвенкапа” добива нов и уникатен изглед во внатрешноста. Таа е изградена со капацитет за згрижување на над 200 деца и на површина од 1700м2, со осум занимални и најсовремени услови за згрижување на најмладите.

Општина Аеродром продолжува да вложува во нови капацитети за децата. И понатаму инвестираме во изградба на нови објекти со што ќе ја оствариме нашата цел да нема повеќе чекања за упис во ваков тип на јавна установа.

#НашАеродром #ПроменитеСеСлучуваат“, стои во неговиот пост на Фејсбук.