Македонскиот ракометен шампион, Вардар 1961 доби лоши вести кога е во прашање повредата на српскиот репрезентативец, Дарко Ѓукиќ.
Десното крило се повреди на првенствениот меч против Прилеп. Ѓукиќ го очекува долг процес на закрепнување што значи дека оваа сезона за него езавршена.
Сега како главна опција на таа позиција останува Гоце Георгиевски, а повеќе простор за игра би требало да добие и Ален Ќосевски.