четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Ранокија ја заврши кариерата

Ранокија ја заврши кариерата

Италијанскиот фудбалер Андреа Ранокија објави крај на кариерата два дена откако го раскина договорот со Монца. Поранешниот капитен на Интер, во август заработи тешка повреда.

Тој решил да го раскине договорот затоа што смета дека нема да биде на потребното ниво по враќањето на теренот.

Така тој се откажа од четири милиони евра кои требаше да ги добие до крајот на договорот, а директорот на Монца Адријано Галијани јавно го пофали нарекувајќи го џентлмен.