За време на викендот утрата ќе бидат студени, а дневната температура ќе биде во пораст, кој ќе биде позначителен во почетокот на следната седмица.
Во понеделник со зголемување на облачноста, во западните делови ќе започнат врнежи од дожд, а во вторник ќе биде и нестабилно со повремено пороен дожд и појава на грмежи и засилен ветер.
Од почетокот на следната седмица ќе биде ветровито со умерен до повремено засилен јужен ветер.