петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Милевски: Горд сум на фудбалерите, загубивме по наши грешки, а заслуживме многу повеќе

Милевски: Горд сум на фудбалерите, загубивме по наши грешки, а заслуживме многу повеќе

Македонската фудбалска репрезентација ги загуби шансите преку Лигата на нации да се најде во плеј-офот за пласман на Европското првенство во 2024 година.

Нашите најдобри фудбалери предводени од селекторот Благоја Милевски загубија на гостувањето кај Грузија со 2:0.

Настапот во Лигата на нации „рисовите“ ќе ја завршат в понеделник во Скопје на Националната арена „Тодор Проески“ против Бугарија.

Милевски и покрај поразот во Тбилиси е горд на своите играчи.

– Им честитам на Грузијците за првото место во групата. Горд сум на моите фудбалери и на начикот како да го одиграа натпреварот. Загубивме по наши грешки, а заслуживме многу повеќе. На теренот имавме контрола на играта, доминиравме 90 минути, имавме многу шанси да постигнеме гол. Повеќе причини има за индивидуалните грешки, особено физичката и психичката подготвеност на која треба да се работи во своите клубови пред собирите. Ова често ни се случува, иако грешките се составен дел од фудбалот – рече Милевски по мечот со Грузија.

Според стратегот на „црвено-жолтите“ во иднина фудбалерите мора да бидат биде посконцентрирани на натпреварите и поконкретни во завршницата од нападите. Воедно за младите играчи вели дека во ова издание на Лигата на нации покажаа дека имаат квалитет и потенцијал и дека треба да им се даде поддршка.