сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен криминалец, бил осуден на четири ипол години казна затвор

Приведен криминалец, бил осуден на четири ипол години казна затвор

На 23.09.2022 во 14:00 часот на ул.„Палмиро Тољати“ во Скопје, полициски службеници од тим потраги во Одделението за криминалистички работи  Центар и Бит Пазар го лишиле од слобода Ф.М.(31) од Скопје.

Тој бил баран со централна потерница од Казнено-поправната установа Затвор Куманово за доиздржување на затворска казна од седум месеци, а бил осуден на казна од четири години и шест месеци за сторени кривични дела по член 236 и 386 од Кривичниот законик.

Лицето било спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.