петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Наташа Беквалац денес слави роденден: Нејзината сестра со емотивна, но урнебесна честитка

Наташа Беквалац денес слави роденден: Нејзината сестра со емотивна, но урнебесна честитка

Пејачката Наташа Беквалац денеска слави роденден. Таа наполни 42 години.

По тој повод посебна честитка јавно доби од нејзината помлада сестра Кристина, која се потсети на нивното детство.

„Се сеќавам пред пет години кога ти се јавив и низ насмевка ти кажав дека се пораѓам и да дојдеш да ме земеш, за пет минути беше пред мојата зграда, прв пат кога не задоцни“, се пошегува Кристина.

-Се сеќавам кога ме носеше да правиме забранети работи, а јас секогаш им кажував на мама и тато што направивме, но дека тие не смеат никому да кажат бидејќи тоа е тајна. Ти благодарам што ми го направи животот потежок и полесен. Многу си тешка и напорна, за тебе имам да го кажам и најлошото и најдоброто, но едно знам сигурно, дека те сакам и дека сум тука засекогаш. Среќен роденден, напишала Кристина за која Наташа е многу приврзана.

Најнови вести