сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Дилер од струшко фатен на дело: Наместо пари за дрога, добил лисици на раце

Дилер од струшко фатен на дело: Наместо пари за дрога, добил лисици на раце

ОВР Струга поднесе кривична пријава против И.Б.(31) од струшкото село Велешта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

При извршена контрола на улицата „Ѓуро Салај“ во Струга, полициските службеници го затекнале пријавениот при продажба на марихуана на лице од Струга.