понеделник, 11. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Македонската фудбалска репрезентација со пораз од Бугарија ги заврши настапите во Лигата на нации

Македонската фудбалска репрезентација со пораз од Бугарија ги заврши настапите во Лигата на нации

Во последното коло во Ц-сегментот од Лигата на нации, македонската фудбалска репрезентација вечерва во Скопје загуби од Бугарија со 1:0.

Речиси цел натпревар „рисовите“ го одиграа со фудбалер помалку поради исклучувањето на Тодор Тодоровски во 14. минута по еден остар старт.

Кирил Десподов во 50. минута го постигна единствениот гол на Националната арена „Тодор Проески“

На другиот натпревар од 6. коло во четвртата група, Грузија на гости го победи Гибралтар со 2:1

Грузијците соо 16 бода на крајот го освоија првото место и изборија учество во Б-дивизијата, како и пласман во плејофот. Бугарија заврши како втора со девет бода, Македонците се на третото место со седум, последен е Гибралтар со само еден бод.  (МИА)