сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Во Србија покрената иницијатива за забрана камионите да престигнуваат на автопатиштата

Во Србија покрената иницијатива за забрана камионите да престигнуваат на автопатиштата

Српскиот министер за сообраќај Томислав Момировиќ денеска изјави дека по анализа на компаративните практики и различни „пилот“ проекти, мистерството испратило иницијатива до ЈП „Патишта на Србија“ да изработат студии за забрана за престигнување на товарните возила на автопатишта во одредени временски интервали, кога е зголемен интензитетот на сообраќајот, јави дописникот на МИА од Белград.

„Нашата цел е да го забрзаме сообраќајот за луѓето кои патуваат по автопатите да можат побрзо да стигнат до своите дестинации, а забраната за престигнување за камиони на автопатите ќе го намали метежот, ќе го забрза сообраќајот и дополнително ќе ја зголеми безбедноста на учесниците во сообраќајот, посочи министерот Момировиќ и додаде дека Србија е важна транзитна земја во Источна Европа, а Владата на Република Србија и ресорното министерство водат активна сообраќајна политика, што подразбира дека моментално се работи на создавање на Национална стратегија за развој на сообраќајот“, се наведува во соопштението на Министерството за градежништво, сообраќај и инфраструктура.