петок, 2. февруари 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

Шест спринт-трки наредната сезона

Шест спринт-трки наредната сезона

Светската автомобилска федерација (ФИА), конечно, го усвои календарот за наредната натпреварувачка сезона во Формула 1. Наместо досегашните три, ќе има шест тркачки викенди во спринтерски формат.

Со задоволство можам да потврдам дека од 2023 година ќе има шест спринта во сезона. Новиот формат успешно ја помина воведната фаза на имплементација во шампионатот 2021 година. Спринт-трките им обезбедуваат на гледачите возбудувања за време на тридневниот тркачки викенд и секој возач се натпреварува од петок до недела. Реакциите од навивачите, тимовите, промоторите и од партнерите на Формула 1 се позитивни. Поинаквиот формат му дава нова димензија на првенството – истакна извршниот директор на Формула 1, Стефано Доменикали.