сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Меси ќе си замине од ПСЖ на крајот од сезоната, се најавува негово враќање во Барселона

Меси ќе си замине од ПСЖ на крајот од сезоната, се најавува негово враќање во Барселона

Лионел Меси е врзан со договор со Пари Сен Жермен до крајот на тековната сезона, а клубот се обидува да го задржи уште една година во Париз. Сепак, како што откриваат каталонските медиуми, тој планира да го напушти клубот како слободен играч и одбил да го продолжи договорот.

Во Шпанија се најавува негово враќање во Барселона. Ова беше дополнително засилено со изјавата на потпретседателот на клубот и економски стручњак Едуардо Ромеу, кој рече дека финансиски ќе биде можно клубот да го исполни договорот на Меси следната сезона.

Во својата втора сезона за ПСЖ, Меси игра одлично и има шест гола и осум асистенции на вкупно 11 одиграни натпревари. Сепак, тој целата претходна кариера ја мина во Барселона, со 35 освоени трофеи, тој е клупски рекордер, а за овој тим постигна 672 на 778 натпревари.