На 29.09.2022 во 20.00 часот во с.Мусинци, општина Могила, полициски службеници од Полициското одделение Новаци го лишиле од слобода е Ѓ.Р.(30) од с.Мусинци.
Тој, во дворот на неговата куќа агресивно се однесувал и попречувал судски извршител и полициски службеници при преземање на службени дејствија, а со остар предмет се обидел да го нападне извршителот и оштетеното лице, по што побегнал.
По преземени мерки бил пронајден и лишен од слобода. Ѓ.Р. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.