Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, ги известува граѓаните дека на ден 03.10.2022 година (понеделник) :
Поради промена на 2 затворачи на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм и ф-200 мм на крстосницата од улиците: Призренска и Бутелска, од 08:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Призренска, дел од Бутелска, Марко Крале, Мостарска, Галичник и Пребондова. (Општина Бутел)