Вицепремиерот Артан Груби даде изјава дека народот има потреба од Али Ахмети, а не Али Ахмети од народот, по што испрати порака преку Фејсбук и се обиде да ја корегира грешката.
„Народот му треба на Ахмети и на Ахмети му треба народот. Мојот однос со претседателот Ахмети е како односот на сите вас кои сте убедени во неговиот животен пат, неговата правда, визија, национална вредност за Албанците. Искрената намера на мојта изјава беше да се истакне вистината дека на Ахмети му треба народот, колку што му треба Ахмети на народот“, напиша Груби.
Во продолжение следи неговиот статус на Фејсбук.