Голем фаворит за освојување на „Златната топка“ за 2022 година е Карим Бензема од Реал Мадрид, но сега на социјалните мрежи се појави и ранг-листа која го открива победникот.
Иако сè уште ништо не е официјално, сепак на фотографијата на социјалните мрежи може да се забележи дека Бензема ќе биде добитник на престижната награда.
Зад Бензема ќе завршат Садио Мане од Баерн Минхен и Мохамед Салах од Ливерпул, додека во топ-5 се уште и Винисиус Жуниор од Реал Мадрид и напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски.