недела, 24. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски и Нелоски се искачија на Водно, утре ќе маршираат во Струмица

Мицкоски и Нелоски се искачија на Водно, утре ќе маршираат во Струмица

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и членот на Извршниот комитет на таа партија, Владимир Нелоски денеска се искачија на врвот на Водно, од каде порачаа дека денеска маршираат на Водно, а утре во Струмица.

-Денеска марширавме до врв, утре ќе маршираме низ Струмица! #ЛетоЗаМакедонија, напиша Нелоски на социјалната мрежа Фејсбук.

ВМРО-ДПМНЕ утре ќе одржи протестен марш во Струмица.

– Граѓаните во недела во Струмица имаат можност и ќе и кажат доста на оваа ненародна власт. ВМРО-ДПМНЕ ги поканува сите граѓани на Република Македонија на протестен марш во Струмица, во недела со почеток во 13 часот, во паркот во Струмица. Обединети и сплотени, ќе се собереме за Македонија и на Зоран Заев и на СДСМ ќе им кажеме дека Македонија ќе победи, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести