недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Депај во јануари заминува од Барселона

Депај во јануари заминува од Барселона

Најбогатиот фудбалски клуб на денешницата, англискиот премиерлигаш Њукасл, најверојатно ќе биде следната дестинација на холандскиот интернационалец од редовите на каталонскиот гигант Барселона, Мемфис Депај.

Крилниот напаѓач нема статус на стандарден првотимец и затоа ќе му биде дозволено да си замине од „Ноу Камп“ за време на зимскиот преоден рок доколку официјалната понуда не биде помала од 20 мил. евра.