недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Полицијата синоќа упадна во угостителски објекти, приведени тројца малолетници

Полицијата синоќа упадна во угостителски објекти, приведени тројца малолетници
илустрација

Во акциска контрола во угостителски објекти на територијата на цела држава денеска во периодот 00:00 до 04:00 часот секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, привела четири лица од кои тројца малолетни.

При контролата, како што информираат од МВР, констатирано е едно кривично дело по член 215 од Кривичниот законик каде при преглед кај П. Р. (25) од Неготино бил пронајден кокаин.

Затекнати се 11 малолетни лица, а констатирани се и две кривични дела по член 204 од Кривичниот законик поради точење алкохол на малолетни лица. Притоа затекнат е странски државјани без соодветна документација за регулиран престој. (МИА)