недела, 24. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Бос пред отказ, Блан негов можен наследник на тренерското место во Лион

Бос пред отказ, Блан негов можен наследник на тренерското место во Лион

Раководството на Лион ја разгледува можноста за отпуштање на тренерот Питер Бос, објави новинарот Николо Шира.

Лион во петокот на домашен терен одигра 1:1 со Тулуз.

Според Шира кој е добар познавач на случувањата во најсилните пет европски фудбалски првенства, главен кандидат за замена на Бос е Лоран Блан. Педесет и шестгодишниот Французин може да потпише договор до 2024 година.

Блан во текот на својата тренерска кариера ги водеше Бордо, ПСЖ и француската репрезентација. Последен негов клуб беше катарскиот Ер Рајан, во периодот од 2020 до 2022 година.

Лион е седми во француската лига по 10 натпревари со 14 бодови.  (МИА)