четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Макаби со пенал во последна секунда го совлада Куманово

Макаби со пенал во последна секунда го совлада Куманово

Ракометарките на Куманово загубија несреќно во првиот меч од првото коло во Европската лига со 25-26 од Макаби Аразим Рамат Ган.

Натпреварот беше израмнет од самиот почеток со неколку пресврти, иако на стартот Макаби имаше предност од два гола (1-3), но Куманово стигна до пресврт (8-6) во 18. минута од мечот.

По голема битка до крајот Макаби, сепак, замина на пауза со водство од еден гол (15-14).

Во второто полувреме Макаби набрзо стигна до предност од четири погодоци (20-16), но Куманово не се предаваше и влезе во драматична завршница (25-25), при што имаше напад за победа, кој не го искористи, а гостите од Израел во контра-напад добија пенал во последна секунда  кој го реализираа за победа од 26-25.

Најдобра ракометарка кај Куманово беше Габриела Величковска со 13 голови, додека Дуња Тасиќ даде девет за тимот од Израел.