Сагата околу трансферот на Антоан Гризман од Барселона во Атлетико Мадрид конечно дојде до крајот.
Барселона во 2019 година го купи Гризман од Атлетико Мадрид за 120 милиони евра, но Французинот не се снајде баш најдобро во својот нов клуб.
Со оглед на неговите лоши настапи и огромната плата што ја имаше во Барселона, неговиот тим реши да го испрати на позајмица во Атлетико Мадрид.
Договорот меѓу двата тима пропадна, а Атлетико Мадрид се согласи да го купи Гризман за 24 милиони евра.Тоа го потврдија денеска на својата официјална веб-страница.
„Драго ни е што можеме да го потврдиме доаѓањето на Гризман во нашиот клуб, а нашиот нов фудбалер потпиша договор до 2026 година.