четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Облачно и свежо со повремен локален дожд и југоисточен ветер, еве какво време нѐ очекува во наредните деновите

Облачно и свежо со повремен локален дожд и југоисточен ветер, еве какво време нѐ очекува во наредните деновите

Времето денеска ќе биде облачно и свежо, со повремени локални врнежи од дожд и слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени.

Во Скопје и околината ќе биде облачно и свежо со повремени врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне до 16 степени.

Во наредените денови до петок ќе се задржи променливо облачно време, наместа со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. В четврток и петок локално ќе има услови врнежите да бидат поројни и проследени со ретки грмежи. (МИА)

Најнови вести