недела, 14. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Бајден преиспитува односи со Саудиска Арабија по одлуката на ОПЕК Плус

Бајден преиспитува односи со Саудиска Арабија по одлуката на ОПЕК Плус

Претседателот на САД, Џо Бајден ги преиспитува односите со Саудиска Арабија откако групата ОПЕК + минатата недела објави дека ќе го намали производството на нафта, изјави денеска портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби.

– Бајден е подготвен да работи со Конгресот за иднината на односите со Саудијците, рече Кирби во интервју за Си-Ен-Ен.

Претходно, демократскиот сенатор Боб Менендез повика на замрзнување на соработката со Саудиска Арабија, вклучително и замрзнување на поголемиот дел од продажбата на оружје во таа држава.