петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Канада ќе донира воена помош за Украина

Канада ќе донира воена помош за Украина

Канадската министерка за одбрана Анита Ананд, денеска, по разговорите со нејзиниот украински колега Алексеј Резников, изјави дека земјата ќе донира воена помош за Украина, која ќе вклучува муниција, опрема за комуникација, зимска облека, оклопни возила и артилерија.

„Денеска имав средба со мојот пријател Алексеј Резников за да испратам јасна порака: стоиме со вас“, напиша Ананд во објавата на социјалната мрежа Твитер.

Ананд додаде дека Канада ќе продолжи да ги обучува украинските сили со вештините што им се потребни за борба и победа.