четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Инзаги: Шпанија долго време ќе го памети Интер

Инзаги: Шпанија долго време ќе го памети Интер

Интер е на чекор да се пласира во следната фаза од Лигата на Шампиони откако во „групата на смрта“ успеа да стигне до четири бода во меѓусебните пресметки против Барселона. Откако го совлада каталонскиот гигант на домашен терен, вчера ремизираше на „Камп Ноу“ со 3-3 па победа против Викторија Плзен во следното коло ќе го „чекира“ осминафиналниот билет.

Задоволството по натпреварот не го криеше Симоне Инзаги кој вели неговиот тим кој одигра храбро и креираше шанси ја заслужи победата, а Шпанија долго ќе ги памети „нероаѕурите“.

„Честитки на моите момци за одличниот натпревар. Знаевме дека мораме да одиграме храбро, креиравме многу шанси и го заслуживме резултатот. Останува жал и за повредените играчи, а да беа тие во комбинација немаше да имаме никакви проблеми. Шпанија долго време ќе го памети Интер. Со победа ќе ја затворевме групата на две кола пред крајот, но сега одиме на Плзен“, изјави Инзаги.