Внукот на легендата на Формула 1, Михаел Шумахер, доживеа повреда по тешка несреќата во Германија за време на автомобилска трка.
Дејвид Шумахер се здоби со повреди по сударот со Томас Прејнинг за време на саботниот настан на ДТМ во Хокенхајмринг.
Двата болида се бореа за позиција, но завршија во бариерите. Сите возачи кои учествуваа во несреќата биле однесени на медицински прегледи, а меѓу нив бил и 20 годишниот Дејвид кој е син на поранешниот возач на Формула 1, Ралф. Првичните резултати покажаа дека тој немал повреди.
Сепак, понатамошните испитувања во неделата откриле дека лумбалниот пршлен во грбот му бил скршен.
Ралф Шумахер за магазинот „Мотоспорт“ изјави дека кога синот се вратил дома се жалеле на болки во грбот.
-Потоа решивме да одиме во болница во Салцбург за да направиме магнетна резонанца. Се утврди дека е скршен лумбален пршлен. Според лекарите ова значи пауза од околу шест недели за Дејвид, вели Ралф.
Серијата ДТМ заврши викендот, што значи дека Шумахер нема да пропушти ниту една трка за време на неговата шестнеделна рехабилитација и нема потреба од операција.