Златан Ибрахимовиќ пред неколку денови наполни 41 година и изгледа дека одамна сфатил дека нема нешто што тој не може да го направи.
Златан Ибрахимовиќ штотуку отворил ТикТок профил и за само 17 часа неговата снимка е прегледана повеќе од 6 милиони пати. Видеото трае 45 секунди и почнува со порака на Златан: „ТикТок, Златан е овде!“.
„Ароганција во тело на Аполон“, се коментарите поврзани за овој шведски фудбалер кој доминира на светската сцена на неколку полиња. Сега кога има 41 година, изгледа дека нема нешто што Златан не може да го направи.
Иако ги „помина“ најдобрите години за еден фудбалер, Златан тврди дека ќе игра додека тој не одлучи дека е готово.
Овој љубител на брзи спортски автомобили и тетоважи, од кои некои се посветени, како што рече, на луѓето кои страдаат од глад во светот, е одличен шоумен.
Покрај одличната кариера, исклучителната физичка кондиција, совршеното тело, Златан е успешен и во љубовниот живот.
@zlatanibrahimovic @tiktok guess what?! I’m here!!!! #zlatanibrahimovic ♬ original sound – Zlatan Ibrahimovic
Се зборува дека неговата сопруга е поубава од сите негови љубовници. Но, изгледа дека само Златан може да се ожени со 11 години постара и многу успешна и богата жена, а во исто време да има безброј љубовници.
„Сè што ви се случува во животот, требало да се случи. Тоа е ваша судбина. Мене ми беше судено да го имам овој живот и не можам да се пожалам на тоа“, изјави еднаш Златан.
Златан и Хелена имаат два сина: 16-годишниот Максимилијан и 14-годишниот Винсент.
Се зборува дека водителката Дилета Леота го засакала откако заедно снимиле реклама. Златан подоцна дошол на нејзиниот роденден во придружба на семејството и пријателите.
„Прочитав дека луѓето мислат дека сум арогантен. Велат дека сум самоуверен, лош карактер. Таков сум од дете. Но, кога ќе ме сретнат во живо, велат дека добиле погрешен впечаток“.