сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Макрон: Не сакаме светска војна

Макрон: Не сакаме светска војна

Францускиот претседател Емануел Макрон на Твитер објави: „Не сакаме светска војна“.

„Ние и помагаме на Украина да се одбрани на своја територија, но никогаш да не ја нападне Русија. Владимир Путин мора да ја прекине оваа војна и да го почитува територијалниот интегритет на Украина“, додаде Макрон.

Со ова францускиот претседател се надоврза на претходната изјава во која тврди дека Франција нема да го користи своето нуклеарно оружје дури и ако Русија употреби нуклеарно оружје во Украина.