Десет ученици од ДУЦОР “Партенија Зографски“ – Скопје, придружувани од две лица и 5 наставници учествуваа во проект во Хрватска кој има европска и мултикултурна димензија и го негува духот на толеранција на различностите и европската култура кај учениците со оштетен слух.
Проектот насловен „A new world of skills-make your meal“, се реализира од грант добиен преку Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, програма Ерасмус+ клучна акција КА1, акредитиран проект во област мобилност на ученици и вработени во стручно образование и обука.
Учениците имаа можност да се запознаат и стекнат нови знаења и вештини за: – храна, подготовка на храна и производство на храна – подготовка и сервирање на храна – правилно користење на приборот за подготовка на храна – лична хигиена и нејзиното влијание врз безбедноста на храната – нови рецепти ,нови зачини и начини на сервирање храна
Обуката за учениците во партнер училиштето беше спроведена од страна на наставниците заедно со нивните ученици и се состоеше од теоретски наставни часови, каде учениците стекнуваа нови знаења поврзани со храната и работилници на кои учениците подготвуваа разновидни оброци по претходно зададени рецепти.
Сето ова кај учениците предизвика поттик на креативни идеи како и размислување за започнување на сопствен бизнис. Овој проект придонесе и кон зголемување на социјалната интеграција на учениците со оштетен слух.
Бидејќи се работи за малолетни ученици и ученици со оштетен слух, тие беа придружувани од двајца наставници од редот на вработените во училиштето. Тие имаа задача да се грижат за здравјето и безбедноста на учениците. Помагаа во комуникацијата, бидејќи се работи за ученици со оштетен слух и говор и воедно го пратеа напредокот на учениците за време на мобилноста.
Наставниците кои беа на мобилност беа со задача, „Работа во сенка“ (Job shadowing) и се состоеше од посета на наставни часови преку кои разменија искуства за наставните методи и современите техники кои ги користат во наставата.
Истовремено, наставниците имаа шанса за соработка и надоградување на своите педагошки и образовни методи преку размена на искуства со тамошните наставници за работа со ученици со оштетен слух.