вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

ПСЖ демантира: Не сме ангажирале медиумска агенција за да наштетиме на некого

ПСЖ демантира: Не сме ангажирале медиумска агенција за да наштетиме на некого

Не престанува медиумската бура околу Пари Сен Жермен која започна поради најавите дека Килијан Мбапе сака да го напушти клубот. Секојдневно од Франција пристигнуваа нови информации поврзани со клубот од Париз.

Само неколку дена после информацијата дека Мбапе сака да си замине се појави вест за медиумски скандал сличен на оној во Барселона кога претседател беше Бартомеу. „Медиапарт“ објави дека ПСЖ наводно плаќал медиумска компанија да прави профили на социјалните мрежи, претежно на Твитер за тие да пишуваат против Мбапе и така да создадат лажна слика во јавноста за него.

Денес клубот се огласи во врска со овие информации.

„ПСЖ ги демантира обвинувањата од „Медиапарт“. Ние сме меѓународен бренд кој постојано работи со агенции на друштвените мрежи ширум светот со цел постигнувањата на клубот да се промовираат на вистински начин. Како и секоја друга компанија што прави. Клубот никогаш не ангажирал агенција за да наштети на некого“, стои во објавата.

Треба да се спомене и дека „Медиапрт“ е медиум кој од претходно не е во добри односи со катарските сопственици.