петок, 1. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО: Откриено кој е украинскиот пилот кој ги собори дроновите камикази

ФОТО: Откриено кој е украинскиот пилот кој ги собори дроновите камикази

Министерството за одбрана на Украина го откри идентитетот на пилотот познат како „Духот на Виница“, познат по соборување на дроновите камикази.

Последните денови се зборува многу за него, односно за неговото успешно соборување на дроновите кои беа користени во рускиот напад на Украина.

Министерството објави фотографија од пилотот кој е наречен „убиецот на Шахед“ (назив за иранските дронови камикази).

-Ова е пилотот кој го брани небото над Виница. Досега собори пет Шахеди и две ракети. Овој херој се вика Вадим, наведува украинското Министерство за одбрана на Твитер.