сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Уапсен фудбалерот на Манчестер јунајтед Мејсон Гринвуд

Уапсен фудбалерот на Манчестер јунајтед Мејсон Гринвуд

Мејсон Гринвуд (21) не игра за Манчестер јунајтед од почетокот на календарската година, откако е обвинет за напад и силување на девојка и така ќе биде до завршување на истрагата, а сега се најде во друг проблем.

Неофицијално, причината поради која полицијата го уапсила младиот англиски репрезентативец е тоа што цело време ги прекршил условите за кауција под кои сето време беше на слобода.

Еден од условите бил Гринвуд поради која било причина да не контактира со наводната жртва на силување (18), а се чини дека токму тоа го направил и затоа полицијата итно реагирала.

Полицијата веднаш тропнала на вратата на Гринвуд и откако било утврдено што направил, тој поминал три ноќи во полициска станица. Младиот фудбалер е осомничен дека ја тепал, силувал и се заканувал дека ќе ја убие својата жртва, а оттогаш повеќето спонзори ги раскинале договорите со него, меѓу кои и „Најк“, чие лице требаше да биде.

Манчестер јунајтед го суспендираше Гринвуд и неговата кариера сега е под голем знак прашалник бидејќи една година е без натпревари, а сегашната требаше да биде сезоната во која требаше да се „пробие“ и да докаже зошто е голем фудбалски талент.