петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Мото ГП има нов лидер во генералниот пласман

Мото ГП има нов лидер во генералниот пласман

Алекс Ринс победи на трката за ГН на Австралија во Мото ГП шампионатот. Ринс му ја донесе првата победа на Сузуки оваа сезона, а таа можеби ќе биде и единствена бидејќи до крајот остануваат уште две трки, по што овој тим се повлекува од Мото ГП шампионатот.

Шпанецот ја доби битката со сонародникот Марк Маркез кој го освои второто место и стигна до 100. подиум во кариерата, а третото место го освои Пеко Бањаја.

За Бањаја ова беше доволно да го преземе водството во генералниот пласман, пред се поради фактот што Фабио Квартараро не ја заврши трката.

Бањаја сега има 233 поени, Квартараро е на второто место со 219 поени, а зад нив е А.Еспаргаро со 209 поени.