Ракометната селекција на Полска ја победи Италија (30-23) во квалификациите за Европското превенство, оправдувајќи ја фаворитската улога на оваа средба.
Најинтересниот момент на оваа средба се случи на финишот на првото полувреме. Аркадиуш Морито изведе мајсторија, постигна неверојатен погодок во последните секунди пред сирената. Крилото по изведувањето од центар знаејќи дека нема време шутна од голема далечина и погоди.
💫 You've seen a 9m goal … now see this@handballpolska 🇵🇱 #ehfeuro2024qualifiers #heretoplay pic.twitter.com/Dk7cAJQHQ8
— EHF EURO (@EHFEURO) October 13, 2022
Морито го заврши натпреварот како најдобар стрелец, со десет реализации на своето конто.