четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Тен Хаг: Требаше да го победиме Њукасл

Тен Хаг: Требаше да го победиме Њукасл

Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг не е задоволен од денешното реми (0:0) со Њукасл на домашен терен.

– Добра игра од наша страна. Го контролиравме текот на натпреварот и имавме добар посед на топката, особено во вториот дел. Натпреварот беше под наш диктат, а можевме, дури и моравме, да постигнеме победнички гол. Фред и Рашфорд имаа свои шанси. Можевме да победиме, го заслуживме тоа. Тимот ја покажав нашата физичка подготвеност против еден од физички најсилните ривали во лигата. Тешко ни е да победиме, но мора да продолжиме во истиот дух и желба за успех, изјави Тен Хаг.

По девет натпревари во Премиер лигата, Манчестер јунајтед е на петтото место со 16 освоени бода.