среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Модриќ: Дајте му ја „Златната топка“ на Карим!

Модриќ: Дајте му ја „Златната топка“ на Карим!

Реал Мадрид вчера ја победи Барселона со 3-1 во „Ел Класико“ во рамките на деветтото коло од шпанската Ла Лига.

Шампионот на Шпанија и Европа го надигра својот најголем ривал, а Карло Анчелоти го надмудри Чави, па мадриѓаните ја продолжија перфектната серија сезонава во која се уште не знаат за пораз.

Стрелци за Реал беа Бензема, Валверде и Родриго. Уште една блескава партија во дресот на Реал пружи Лука Модриќ кој ја „заклучи“ средината на теренот. Хрватскиот репрезентативец не ја криеше среќата по мечот, па искористи прилика јавно да испрати порака за доделувањето на „Златната топка“.

„Презадоволни сме од победата и од настапот. Знаевме дека ќе има периоди во кои Барселона ќе биде добра додека ја има топката и дека ќе страдаме. Успеавме во тоа, но потоа бевме ефикасни. Навистина сум среќен поради овој натпревар, мислам дека бевме извонредни. Кога игра Карим Бензема, сите знаеме што ќе се случи. Се надевам дека ќе ја освои Златната топка за се што направи за нас во претходната и во текот на оваа сезона“, изјави Лука Модриќ по натпревар.