Времето утре ќе биде сончево и релативно топло со слаб ветер од северен правец. Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.
Во Скопје сончево и релативно топло, во делови од котлината со слаба утринска магла.
ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ:
До среда утрата ќе бидат студени, наместа температурата ќе се спушта под нулата и по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот ќе се задржи сончево и релативно топло. Во четврток ќе дува засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието што ќе предизвика во следните два дена опаѓање на температурата за неколку степени.