четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Голем шок за „Гордиот Албион“: Против Хрватска без една од најголемите ѕвезди

Голем шок за „Гордиот Албион“: Против Хрватска без една од најголемите ѕвезди

Фудбалерот на Англија, Џордан Хендерсон, е повреден и под знак прашалник е доведен неговиот настап во полуфиналето на Мундијалот против Хрватска.

Играч од средниот ред на Ливерпул има повредена задна ложа и до самиот дуел со Хрватите ќе работи под посебен режим.

Хендерсон на турнирот во Русија одигра четири натпревари (одмори против Белгија, бидејќи играше вториот тим), а на последниот натпревар против Шведска излезе од играта седум минути пред крајот.

Полуфиналето помеѓу Хрватска и Англија ќе се игра в среда со почеток во 20 часот на стадионот Лужники во Москва. (МИА)