понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Македонски државјанин уапсен при обид да помогне на албанска државјанка илегално да замине за Италија

Македонски државјанин уапсен при обид да помогне на албанска државјанка илегално да замине за Италија

Македонски државјанин е уапсен денеска во албанскиот пристанишен град Драч при обид на албанска државјанка да и „помогне” илегално да замине за Италија.

-Специјалисти за илегален сообраќај на граничниот премин Драч уапсиле, за кривично дело „Помагање за илегално преминување на граница“, две лица, А.М.(37) жител на Северна Македонија, при илегално да помине на овој граничен премин на Е.Ј. жителка на Албанија, соопшти полицијата.

И претходно медиумите јавија дека македонски државјани зачестиле како „гарант” за албански, македонски и косовски граѓани во обидите илегално или со фалсификувани документи преку Драч да заминат за Италија, а потоа во некоја западно европска земја.

Неодамна полицијата во Драч уапси двајца жители на Скопје, откако биле фатени од службите на граничната полиција како им помагаат на двајца државјани од Косово илегално да ја преминат границата, за што четворицата заработиле кривична пријава.

Во друг случај, 43-годишен маж од Скопје е фатен како со фалсификувани документи им помага на пет граѓани да ја преминат границата.  (МИА)