Фудбалерот на ПСЖ и аргентинскиот репрезентативец Лионел Меси оцени дека Бразил и Франција имаат најголеми шанси за освојување на титулата на претстојното Светско првенство (СП) во Катар.
–Кога зборуваме за фаворити, имаме големи тимови какви што се Бразил, Германија, Англија, Франција, Шпанија и сигурен сум дека уште некој заборавив. Ако морам да изберам една или две репрезентации, тогаш би рекол дека Бразил и Франција се двата најголеми кандидати за освојување на титулата, изјави Меси за Директ ТВ.
СП во Катар ќе се одржи од 20 ноември до 18 декември.
Аргентина е во групата Ц со Саудиска Арабија, Мексико и Полска.
Светската титула ја брани Франција, која ќе игра во групата Д.