Карим Бензема очекувано го освои признанието „Златна топка“, кое го заслужи со одличните настапи во дресот на Реал Мадрид изминатата сезона.
Бензема е промовиран како број еден во светот, во гласањето во кое учествуваа новинари од целиот свет и редакцијата на „Франс футбол“.
Фудбалерот на Реал Мадрид стана петтиот Французин кој го освоил признанието, а му беше доделено од легендарниот Зинедин Зидан.
Во најдобрата тројка во машка конкуренција се најдоа и Кевин де Брујне и Роберт Левандовски.