недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Се појавуваат монструзони детали: Малата Лола била силувана од бездомничка со психички проблеми

Се појавуваат монструзони детали: Малата Лола била силувана од бездомничка со психички проблеми

Бездомничка со психички проблеми од алжирско потекло Дабија Б. (24) ја намамила Лола Давие (12) во подрумот, ја мачела со часови, па ја убила и ја спакувала во куфер.

Ова се новите детали за кои пишуваат француските медиуми,а а се однесуваат на убиството на малото девојче во Париз.

Дабија е уапсена во Париз откако ја киднапирала, силувала, мачела, а потоа брутално ја задавила малата Лола. На градите на девојчето ги напишала броевите 1 и 0, по што телото го спакувала во куфер и го оставила во дворот во близина на зградата во која живеела девојката.

Грозоморното злосторство кое ја шокираше цела Франција беше откриено во петокот вечерта, кога бездомник пријавил во полиција дека пронашол тело на малолетничка. Врз основа на снимките од безбедносните камери од зградата во која живеела Лола, инспекторите утврдиле дека девојчето тоа утро било киднапирано од жена која го носела истиот пластичен куфер во кој подоцна било пронајдено нејзиното тело.

Истрагата покажала дека Дабија бездомничка опишана од истражителите како личност со „екстремни психички проблеми“, потоа го однела девојчето во подрумот на зградата, каде со часови сексуално ја малтретирала, физички ја мачела, а потоа ја задавила и и го пресекла грлото.

Медиумите јавуваат дека родителите на убиената Лола го пријавиле нејзиното исчезнување во петокот попладне, но дека девојчето во тоа време веќе било мртво. Како што изјавил извор од истрагата за француските новинари, Дабија на улица се фалела дека има „човечки органи на продажба“, по што нејзини познаници ја пријавиле во полиција.