четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Навивачи на Барселона на суд го оспорија трансферот на Меси во ПСЖ

Навивачи на Барселона на суд го оспорија трансферот на Меси во ПСЖ

Навивачи на Барселона денеска пред правосудните тела на Европската Унија го оспорија трансферот на аргентинскиот фудбалер Лионел Меси во ПСЖ.

Трансферот на Меси во август 2021 година од Барселона во парискиот клуб во сопственост на катарски инвестициски фонд беше „нелегален и не беше во согласност со правилата на УЕФА и ЕУ“, се наведува во тужбата, која во име на Клубот на навивачи на Барселона во Франција и засега неименуван социолог ја поднесе француско – шпанскиот адвокат Хуан Бранко во судот на ЕУ со седиште во Луксембург.

Во тужбата се посочува дека ПСЖ успеал да го реализира трансферот искористувајќи го едногодишното пролонгирање на примената на финансискиот ферплеј од УЕФА во Франција, и оти очигледно станува збор за државна поддршка или државна помош.

Како чувар на конкурентноста во ЕУ, Европската Комисија требало да ја истражи оваа наводна државна помош, истакна адвокатот Бранко.  (МИА)