Откако Даниел Субашиќ уште еднаш докажа дека е најдобар во репрезентацијата и придонесе за пласман во полуфиналето радоста ја сподели и со своите фанови на својот Инстаграм профил.
По натпреварот во кој Хрватска ја совлада Русија и обезбеди пласман во полуфиналето, Субашиќ сподели фотографија од неговата сопруга Антонија.
Фотографијата според многумина не е толку спорна, колку што е спорен текстот на истата.
-Мојата сопруга е најдобар голман, се ми забранува, напиша Субашиќ, а на социјалните мрежи фановите коментираат на шега и дека по овој натпис можно е разведување на парот.