На 20.10.2022 во 19.15 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.А.(27) од Куманово. Тој бил баран по централна потерница за издржување на казна затвор од шест години за сторено кривично дело по член 188 од Кривичниот законик.
Лицето ќе биде спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.