По вторпат во три кола македонскиот репрезентативец Висар Муслиу се најде во идеалниот тим во германската 3. лига.
Муслиу доби место во тимот во избор на реномираниот „Кикерс“. Од почетокот на сезоната Муслиу игра одлично за својот тим, а претходно се најде во тимот на колото кога неговиот тим одигра 0:0 против Цвикау пред две кола. Во ова коло Инглоштад славеше со 3:1 против Мепен.
Инглоштад има амбиции за експресно враќање во вториот ранг на германскиот фудбал, а во овој момент се наоѓа на четвртото место со 22 освоени бодови. Треба да се спомене дека Инглоштад ја има најдобрата одбрана во тимот со девет примени гола.