Денеска беше објавена уште една тажна фудбалска вест.Масата Кудо, поранешен јапонски фудбалер, почина на 32-годишна возраст.
Кудо беше хоспитализиран на почетокот на октомври поради акумулација на течност во мозокот.По седум дена беше извршена операцијата на 11 октомври, која беше од висок ризик.
Поранешниот јапонски репрезентативец помина десет дена на интензивна нега, а почина синоќа, потврдија од неговиот менаџер и прес-службата.