сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Малолетничката од Скопје по која се трагаше, донесена повредена во Градска болница

Малолетничката од Скопје по која се трагаше, донесена повредена во Градска болница

На 21.10.2022 околу 23.00 часот во Полициска станица Центар е пријавено дека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ донесена е повредена малолетничка од Скопје, а за која на 18.10.2022 во Полициското одделение Шуто Оризари, била пријавено дека се оддалечила од дома.

По укажаната лекарска помош, малолетничката е предадена на старателот.